НАЧИН & УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

Прочитајте ги информациите и правилата поврзани со уплата на аранжмани и услуги.

Цените на веб страната се изразени во Евра (освен ако не е дефинирано поинаку), додека плаќањето се врши исклучиво во денари по курс од 62,0 мкд за 1 еур.

Со пријавување и склучување на договор за аранжман, клиентот е потребно да изврши авансна уплата во висина од од 30% од вкупниот износ на аранжманот, освен во ситуации кога според програмските услови е предвидено поинаку (на пример за промотивни понуди, ран букинг, акции, специјални промоции, итн.). Преостанатиот износ се плаќа согласно програмата, но не подоцна од 15 дена пред патување.
Плаќање на рати БЕЗ камата е овозможено со кредитните картички на Стопанска Банка и НЛБ Банка – максимум до 6 рати, за повеќе ќе биде пресметана банкарска камата.

Резервации и уплати може да се вршат на следниот начин:

1. Директно во канцелариите на HareaTech

» Во кеш со денарска уплата

» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

2. Електронски (онлајн) со платежни картички преку веб страната на HareaTech.

» Електронско плаќање со картици

3. Банкарски трансфер на некоја од сметките на HareaTech.

4. Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на HareaTech.

5. Преку административна задршка од плата - за компании, институции и синдикати со кои HareaTech има склучено договор.

HareaTech го задржува правото да изврши промена и/или дополнување на условите за плаќање.

HareaTech

icon
Откријте го вашето совршено патување со само неколку клика. Прелистајте разновиден избор на дестинации и сместувања прилагодени според вашите преференции. Од одморалишта на тропски плажи до пријатни планински одморалишта, ние сме тука за вас. Резервирајте го вашиот следен незаборавен одмор кај нас денес!